Мајкрософт: Руски хакери подготвуваат нови напади против Украина

Сподели со своите пријатели

Руски хакери подготвуваат нов бран хакерски напади против Украина, вклучително и закана за откуп за организациите кои одржуваат украински линии за снабдување, се вели во извештајот објавен од Мајкрософт.

Loading...

Извештајот, изработен од тимот за безбедносно истражување и анализа на технолошкиот гигант Мајкрософт, нагласува низа нови откритија за тоа како дејствувале руските хакери за време на конфликтот во Украина и вклучува предвидувања за идни дејства, пренесува Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

„Од јануари 2023 година, Мајкрософт забележа дека руската сајбер закана се прилагодила за да го зголеми нејзиниот капацитет за уништување и собирање разузнавачки информации за стратешката опрема на Украина и нејзините партнери“, се наведува во извештајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Суспендиран рускиот свештеник кој одржа комеморација за Навални

Комбинирање на сајбер напади

Како што изгледа, една група „се подготвува за нова деструктивна кампања“.

Откритијата доаѓаат откако Русија распоредува нови сили на бојното поле во источна Украина, според западните безбедносни претставници.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников минатиот месец предупреди дека Русија би можела да го зголеми интензитетот на воените активности во деновите околу 24 февруари, годишнината од почетокот на руската инвазија.

Руската амбасада во Вашингтон не одговори веднаш на барањето за коментар.

Експертите тврдат дека тактиката на комбинирање на физичките воени операции со кибернетиката одговара на претходните руски акции.

Loading...

„Комбинирањето на сајбер нападите со напорите да се наруши или оневозможи способноста на бранителите да ја координираат и користат сајбер технологијата не е нов стратешки пристап“, рече Ема Шредер, помошник директор во Атлантскиот совет, американски тинк-тенк кој се занимава со сајбер прашања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Подољак: Залужни за неколку недели би можел да стане амбасадор во Лондон

Мајкрософт откри дека особено софистицирана руска хакерска група, попозната како Sandworm, тестирала „нови способности во форма на откупен софтвер што може да се користи во деструктивни напади против организации надвор од Украина кои вршат клучни функции во украинските линии за снабдување“.

Нападот со откупни софтвери (Ransomware) обично вклучува хакирање на организацијата, шифрирање на нејзините податоци и потоа изнудување пари од неа со цел да се врати пристапот до нејзините сопствени податоци.

Софтвер за бришење податоци

Ransomware се користеше и како покритие за повеќе штетни сајбер активности, вклучително и едноставно бришење на сите податоци.

Од јануари 2022 година, Мајкрософт открил најмалку девет такви софтвери за бришење податоци и две верзии на откупни софтвери кои биле користени против најмалку 100 украински организации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Конгрес донесе закон што може да доведе до крај на ТикТок

Овој развој на настаните се случи истовремено со порастот на тајните руски сајбер операции, чија цел е директно да се загрозат организациите во сојузничките земји на Украина, се вели во извештајот.

„Во земјите низ Америка и Европа, особено во соседните земји на Украина, руските актери се обидоа да добијат пристап до владините и деловните организации вклучени во напорите за поддршка на Украина“, рече Клинт Вотс, шеф на Центарот за анализа на дигитални закани на Мајкрософт.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...