Мајкрософт новинарите ги заменува со машини

Сподели со своите пријатели

„Мајкрософт“ ќе замени десетици новинари кои работат на веб-страницата на „Мајкрософт“ со вештачка интелигенција и автоматизираните уреди ќе одлучат кои статии ќе бидат објавени, пишува ББС.

Loading...

Новинарите во моментов се одговорни за избор на статии од разни медиуми и фотографии, како и создавање на наслови на веб-страницата MSN.

СВЕТОТ ВО 2050: Роботи со емоции, чипувани деца, летување на Арктикот

Задачата ќе ја преземе вештачката интелигенција, изјавија извори за Сиетл Тајмс.

Мајкрософт соопшти дека станува збор за промена во вреднувањето на деловните активности.

„Како и другите компании, ние редовно го проценуваме нашиот бизнис. Ова може да доведе до зголемени инвестиции во одредени сегменти и, од време на време, прегрупирање во други. Овие одлуки не беа донесени заради тековната пандемија”, се вели во соопштението на Мајкрософт.

Мајкрософт, како и другите технолошки компании, плаќа на медиумите да ги користат нивните содржини на својата веб-страница.

Вештачката интелигенција и роботите ќе ни ги земат работните места (ВИДЕО)

Loading...

Сепак, тие вработуваат новинари кои одлучуваат кои статии ќе бидат на порталот MSN.

Околу 50 хонорарни новинари ќе го загубат договорот со Мајкрософт до крајот на јуни, пишува Сиетл Тајмс, но постојаните вработени нема да бидат отпуштени од работа.

„Мислата дека машините можат да нè заменат, се деморализира“, рече еден од новинарите кој повеќе нема да работи за „Мајкрософт“.

Некои отпуштени новинари укажаа на можноста вештачката интелигенција да не знае за строги правила за уредување, така што несоодветната содржина може да заврши на веб-страницата.

Leave a Reply