Мајката им купи на децата нов автомобил, но тие не можат да го возат – затоа што имаат само 7 и 9 години! (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Нејзината ќерка исто така има развиен бизнис.

Loading...

Експертот за односи со јавноста и познатата австралиска ТВ ѕвезда Рокси Јаценко ги шокираше своите следбеници на Инстаграм кога им покажа каков подарок купила на децата.

Таа ја награди ќерката Пикси, која работи со неа и неодамна ја лансираше линијата за играчки „Пикси Фиџетс“, и нејзиниот син Хантер, со автомобил модел Мерцедес-Бенц ГЛ, за што е неопходно да се издвојат 267.000 австралиски долари.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ROXY JACENKO (@roxyjacenko)

 

За жал, Пикси и Хантер со години нема да можат да го користат овој скап подарок бидејќи не се полнолетни – таа има 9 години, а тој има само 7 години! Па, тогаш зошто таков подарок, се прашуваа многу следбеници, а некои заклучија дека мама всушност се награди себеси.

„Многу сум горда на двајцата. Пикси сама дојде со идејата за играчките, и иако многумина се сомневаа дека ќе пропадне, таа разви одлична работа. Ние ќе работиме уште понапорно, а следната награда е Ролс Ројс “, гордо изјавила мама за локалниот весник.

Loading...

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pixie Curtis (@pixiecurtis)

 

Многумина им честитале на мајката и децата за нивниот успех, но имало и такви кои го сметале овој подарок за непотребен и претеран.

Leave a Reply