„Магла убиец“: Дури 12.000 лица го загубиле животот (фото)

Сподели со своите пријатели

Се спуштила на 5-ти декември, а се кренала дури четири дена подоцна. За тоа време починале 12.000 луѓе, 150.000 завршиле во болница, а загинале илјадници животни.

Можеби фактот дека научниците го истражуваат настанот во атмосферата од пред 64 години е по малку чуден, но проблемите од минатото често можат да помогнат во решавање на проблемите од денешницата. Не само што успеале да го решат мистериозниот случај на магла од 1952 година, туку дошле и до откритие кое би можело да биде клучно во борбата против загадувањето на воздухот во модерните метрополи.

 

Loading...

A man guiding a London bus through thick fog with a flaming torch.   (Photo by Monty Fresco/Getty Images)

 

Имено, во 1952 година, во Лондон се појавила убиствена магла. Се спуштила на 5 декември, а се кренала дури четири дена подоцна. За тоа време починале 12.000 луѓе, 150.000 завршиле во болница, а загинале илјадници животни. Точната причина не е позната до ден денес.

Преку мерењата на составот на маглата во Кина и лабораториските експерименти истражувачот Рени Занг и неговиот тим успеале да ја откријат причината: нитроген диоксид со хемиска реакција го претворал безопасниот сулфур диоксид во смртоносна сулфурна киселина.

Кина ја спасува ѓубривото

„Знаевме дека сулфурот е суштински дел од случајот и дека сулфурот диоксид кој се создавал со горењето на јаглен во фабриките и од страна на граѓаните, се претворал во сулфорна киселина. Но, како точно дошло до тоа се` уште не е познато.

 

5th December 1952:  A family feeding the famous pigeons on a foggy morning in London's Trafalgar Square, in front of two of Landseer's lions.  (Photo by M. Fresco/Topical Press Agency/Getty Images)

 

Loading...

Резултатите од истражувањето покажале дека претворањето го олеснило нитрогенот диоксид, кој бил присутен во маглата, објаснува Занг.

Нешто слично се случува денес во најзагадените кинески градови. Единствената причина зошто таму не се појавила „маглата убиец“ е амонијакот кој го неутрализира процесот, а е присутен во атмосферата бидејќи во Кина се користи многу ѓубриво

Маглата во Лондон била кисела, додека во Кина е претежно неутрална. Тоа секако не значи дека е здрава, но во секој случај е подобра од „маглата убиец“.