МАГИЧНА БИЛКА: Копривата лекува многу здравствени проблеми

Сподели со своите пријатели

Позитивните ефекти на копривата се познати стотици години, па не е ни чудо што многумина ја користат за да ги решат своите здравствени проблеми.

Loading...

Копривата е природен лек кој може да се користи на различни начини, а најчесто се користи во вид на чај или сируп.

Копривата ја ублажува болката, па затоа се користи како средство за масажа на лица со ревматизам, ја подобрува работата на организмот, ја прави вашата коса неверојатно убава и здрава, помага при анемија и проблеми со дишењето.

Списокот на позитивни ефекти од копривата е многу долг, а нема негативни ефекти.

 

 

Чај од коприва

Loading...

Загрејте ја водата додека не зоврие, а потоа прелијте ја со копривата и оставете ја да отстои пет до десет минути. Процедете ја смесата и по желба засладете, и толку е – вашиот чај од коприва е подготвен за консумирање.

Доколку сакате да го нанесете на косата, оставете го чајот да отстои околу 45 минути, а потоа нежно измасирајте го во косата, почнувајќи од коренот. Завиткајте ја косата во фолија и оставете ја да отстои уште половина час, а потоа слободно измијте ја косата и веднаш ќе забележите сјај каков што не сте виделе.

 

 

Сируп од коприва

При берењето коприви треба да внимавате да го берете само врвот, а трите листови под него и никогаш да не го берете целото растение. Кога ќе се соберат, добро измијте го, неколку пати.

Потоа прво убаво измијте го лимонот, исечете го на кришки и ставете во 3 литри ладна вода. Потоа додадете ја копривата и оставете ја смесата да отстои 24 часа на собна температура.

Loading...

Кога ќе помине тоа време, додадете килограм шеќер и мешајте додека шеќерот не се раствори.

Смесата истурете ја во тегли и оставете ја во фрижидер. Овој сируп се користи за анемија, артритис и болки во мускулите, како и за респираторни заболувања.

Пред примена на било какви природни и народни лекови консултирајте се со вашиот лекар.