09.08.2018 13:35

Магдалена Антова – прва жена жртва на НОБ од кумановско


Магдалена Јорданова Антова е родена на 20 јуни 1920. година во Белановце, кумановско и била македонска комунистика, учесник во Народноослободителната борба, воедно и првата загината партизанка на Народноослободителна војска на Македонија.

Таа како обична работничка шивачка била примена како член на Сојузот на комунистичката омладина на Југославија во 1939 година. По фашистичката окупација на градот успеала да ослободи неколку заробени војници од војската на Кралството Југославија, а со братот Методи прибрала поголемо количество оружје за потребите на МК на КПЈ.

Била борец на Карадачкиот партизански одред (12-14 октомври 1941), кој по предавство бил опколен од бугарската војска и полиција во една селска воденица. Во битката Антова загинала заедно со повеќе свои соборци. Нејзината трагедија е во тоа што таа била издадена од сопствениот татко кој бил бугарофил.

Првиот текст во чест на Антова бил напишан во првото издание на кумановскиот весник „Наш весник“, кој можете да го прочитате во продолжение. Не се знае кој е авторот на текстот, со оглед дека се потпишал само како „Д.“.

Кога партиската органиција во Куманово при крајот на 1937. година се реорганизира и во текот на 1938. и 1939. појде во ширина, посебно меѓу младината, Магдалена беше една од првите младинки што пристапи кон организацијата на СКОЈ. Ретко беа таквите младинки како Магдалена, која толку голема љубов ја читаше напредната литература. Таа и овозможи да стане еден од подобрите агитатори на напредните идеи меѓу жените, а посебно меѓу работничката женска младина. Своето политичко образование таа  надополнуваше со следење на разни списанија и брошури, што полулегално се иреа меѓу младината од рака на рака. Нејзината работа во текот на 1940. година беше заблежана и се доверува да раководи со една скоевска група. Во работата на СКОЈ Магдалена ја наоѓа смислата на својот живот се до денот на нејзиното јуначко загинување.

Како младинка учествува на сите масовни излети што ги организираше МК на КП за Куманово. Почена од примерот на поираснати комунитсти, Магдалена собираше околу себе младинки – работнички и во оединечни или групни разговори ги пропагираше напредните идеи. Главно агитацијатана СКОЈ, препорачување што повеќе да се чита напредната литература и др. Политичкото влијание што Магдалена го вршеше меѓу работничките беше вино и приемчиво за нив, та заради тоа и нејзината скромност младинките многу ја сакаа Магдалена.

По окпацијата на земјата Магдалена, со несмалена сила продолжува да работи Сковската организација. Кога кумановската партизанска организација започна со продирање на село, по Мајската партиска конференција – 1941. година, Магдалена стана член на една од агитационо-пропагандните групи. Во состав на оваа група Магдалена и на село скоро секоја неделаи врши политичко влијание меѓу селската женска младина. Како младинка – скоевка – Магдалена ги чита и обработува разните летоци, прогласи и друг илегален материјал, ги објаснува дневните настани и статиите од органот на МК „Дедо Иван“.

Кога кумановската партиска организација зема кс на воружено востание, Магдалена заедно со брат и беше сокрила големоколичество муниција во нивната бавча и при првиот повик за прибирање на оружје и муниција таа го предаде.

Во текот на септември 1941 година започна да се зборува за одење во партизанскиот одред. Магдалена со радост ја исчекуваше веста да биде повикана за да стапи во Кумановскиот партизански одред. Кога и беше соопштена веста дека е повикана меѓу првите борци да стапи во патизанскиот одред, нејзината среќа и радост немаа крај.

Стапувањето во Карадачкиот партизански одред за неа беше празничен ден. Од домашните само брат и знаеше. Ја остави својта родна куќа и тргна кон зборното место. Вечерта на 11. откомври Карадачкиот одред го пречека Кумановското Поле и на 12 дента се најде во поширокиот реон на село Белановце. На 13 октомври наутро бугарската војска се групира кај местото наречено „Белановска воденица“ и минува во напад. Бидејќи одредот бил опколен од сите страни, по првите пукања, Магдалена беше меѓу првите борци што се обиделе да му се спротивстават на непријателот и да пружи отпор, но беше покосена од митролески рафал. Падна со смртта на јунак.

Магдалена Антова доаѓа во ред на оние младинки – борци за кои со право може да се каже дека се цвет на еден револуционерски крај, на ден народ, што се поднесува како жртва во име на слободата. Магдалена беше и остана како симбол на неизмерн оданост и верност на СКОЈ и КПЈ. Таа беше една од оние младинки со особен идеализам и младински занес се прифати за оружјето да се бори против окупаторот. Затоа и нејзиното јуначко загинување го ожали се што беше поштено во Куманово.

Со својата скромност, непосредност и неуморното залагање, Магдалена многу приднесе за ширење на напредните идеи меѓу младината во Куманово. Затоа и нејзиното прерано загинување со голема болка беше примено од сите оние што ја знаеле и чуле за неа. Нејзиниот лика младинка безрезерва одана на Народната револуција и денеска служи како пример на патриотизам што треба да се следи.

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
 Извор: „Наш весник“ број 1 (среда, 11 октомври 1961. година)

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments