Лувр одбележува 500 години од смртта на Да Винчи

Сподели со своите пријатели

Музејот Лувр во Париз ќе ја отвори денес изложбата посветена на 500-годишнината од смртта на славниот сликар Леонардо да Винчи.

Loading...

На изложбата ќе бидат претставени дела од Да Винчи од трезорот на Лувр, како и од колекциите на други институции ширум светот.

Според француските медиуми, на изложбата ќе бидат опфатени околу 160 негови дела.

Меѓу сликите што ќе бидат изложени се ремек-дела на Да Винчи, десетици студии и научни дизајни, како и слики од други уметници од околината на Да Винчи.

Посетителите ќе можат да уживаат и во виртуелниот дел од изложбата посветена на приказната за „Мона Лиза“ – можеби најпознатото дело на Да Винчи, кое е сместен во постојаната изложба на музејот во Париз.

Изложбата ќе трае до 24 февруари следната година, а Лувр објави дека веќе продаде 220.000 билети до понеделник.

Leave a Reply