Лула: Засега и Путин и Зеленски се убедени дека ќе ја добијат војната

Сподели со своите пријатели

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва го изрази своето незадоволство што немаше посебна средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на Г7 во Јапонија, како што беше планирано.

Loading...

Зеленски, кој доби нови ветувања за воена опрема, како и дипломатска поддршка од земјите на Г7 во Хирошима, беше замолен директно да разговара со неговиот бразилски колега, кој се воздржа од осуда на руската инвазија.

Сепак, Зеленски и Лула да Силва не успеаја да се сретнат, како што рекоа, поради преоптоварена агенда.

Лула да Силва на денешната прес-конференција рече дека не е „разочаран“ поради пропуштената средба, како што рече Зеленски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

„Не бев задоволен, бидејќи би сакал да се сретнеме и да разговараме“, рече бразилскиот претседател и подвлече дека „Зеленски е возрасен и знае што прави“.

Лула изрази уверување дека ниту Зеленски ниту рускиот претседател Владимир Путин не сакаат мир.

„Засега и двајцата се убедени дека ќе ја добијат војната“, рече бразилскиот претседател.

Бразил, кој не воведе економски санкции кон Русија и не се согласи да го снабдува Киев со муниција, се обидува да се позиционира како Кина и Индонезија како посредник.

Loading...

Лула да Силва минатиот месец во Пекинг рече дека САД треба да престанат да „поттикнуваат војна“ во Украина и дека Европската унија треба „да почне да зборува за мир“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина