Луксузно атомско засолниште вредно 17,5 милиони долари (фото)

Сподели со своите пријатели

За оние кои се плашат од крајот на светот постои голема можност да добијат можеби единствено парче недвижност кој Џорџија го има на располагање, а можеби и целиот југоисток на САД.

 

Loading...

Подземно царство на Студената војна: Руски бункер во кој може да стане цела Москва (видео)

 

Овој бункер е од 1960 година, реновиран и во привтна сопственост, а сега достапен и за продажба. Се наоѓа 14 метри под земја, некаге во близина на градот Тифтон во Јужна Џорџија, а дизајниран е да издржи 20.000 тони нуклеарен удар.

 

 

Комплетен со четири поединечни луксузни апартмани, кино, конференциска сала и кујна, бункерот пружа пријатно сместување за вас и вашите пријатели заедно да ја дочекате катастрофата, но оваа безбедност не е ефтина – цената на единствената подземна скривница чини 17,5 милиони долари.

 

Loading...

 

Влезот изгледа како и секој друг влез во мало индустриско складиште, искречени бетонски ѕидови со челични врата и гаража, но длабоку под земјата има веќе друга приказна.

 

 

Бункерот со самонапојувачки механизам има три метри дебели бетонски ѕидови, своја електрана со соларна поддршка, тушеви за деконтаминација, безбедносен систем за довод на воздух, 12 луксузни апартмани и пет спални соби.

 

 

Но, тоа не е се. Ширум зградата има спиралаза апсорпција на експлозии, соба за прва помош, комерцијална кујна и надворешна стрелана.

 

Loading...

 

Постојат 15 седишта во киното, а во случај на жителите да им досади нуклеарната зима, работите може да ги продолжат од конференциската сала дури и покрај надворешните тешки услови.

 

 

Изграден е во 1969 година во екот на студената војна кога потрошувачката на оружје доживеа процут и најголемите светски сили го држеа населението под постојана закана од сеопшта нуклеарна размена, кога многумина веруваат дека ќе бидат уништени основите на цивилизацијата.

 

 

Loading...

Бункерот е реновиран во 2012 година за да ги исполни стандардите на Владата и за да се земат белешките.

Сепак, отпорноста на 20 килотони експлозија (еквивалентна сила од 20.000 тони ТНТ), веројатно нема да направи мног за да ги поштеди жителите од директен удар.

 

 

Може пристојно да се заштити од нуклеарната бомба слична на Хирошима и Нагасаки, фрлена пред повеќе децении, но не на илјадници килотони термонуклеарни боеви глави скриени во воените залихи на денешницата.

Сепак, малку е веројатно дека Тифон, градче во Џорџија со околу 17.000 жители би бил предмет на директен тактички нуклеарен напад.