Лукаревска позитивна на коронавирус, вчера беше во Куманово

Сподели со своите пријатели

Бројката на владини функционери во изолација станува се поголема, откако вчера пратеникот и портпарол на СДСМ Мухамед Зекири, а денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, се позитивни на коронавирусот.

Loading...

Во самоизолација од денеска е вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, како и советникот за односи со јавност во Владата Марјан Забрчанец. Сите тие имале контакт со пратеникот Зекири.

Но, утринава пристигна и веста дека позитивна на Ковид-19 е директорката на УЈП Сања Лукаревска. Таа вчера во Куманово беше на средба со своите сопартијци и неофицијално ја започна кампањата за изборите.

Лукаревска одржа прес конференција со техничкиот премиер Оливер Спасовски, двајцата додека се обраќаа ги симнуваа и своите заштитни маски. Но, претходно сите заедно имале состанок во зградата на поранешен Комитет во Куманово. На состанокот со нив двајцата беа и други функционери. Заменичката во Министерството за внатрешни работи Славјанка Петровска, директорот на „Службен весник“ и претседател на Општинската организација на СДСМ Мартин Костовски, директорот на АД „Гама“ Александар Арсиќ, како и многу други членови на локалниот огранок на партијата. Дали тие ќе завршат во самоизолација засега не е познато.

На прес конференцијата пред камерите се одржа социјалната дистанца, но сликата беше сосема поинаку зад објективот. Педесетина луѓе беа насобрани само од партијата, тука беа и техничката поддршка на СДСМ кои вршеа пренос од обраќањето, протоколи, обезбедување, медиумски работници.

По завршување на настанот дел од членството низ централното градско подрачје делеше заштитни маски на граѓаните.

Во овој момент се чека мислењето на епидемиолозите кој од сите овие лица ќе заврши во самоизолација како контакт на Лукаревска. За техничкиот премиер Оливер Спасовски ова би значело второ одење во домашна самоизолација, откако претходно ваква мерка доби по контакт со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Leave a Reply