Луѓето во шок од цените во ресторанот на познатиот турски готвач, но и од бакшишите (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Турскиот готвач Нусрет Гокче, попознат на социјалните мрежи како Солт Бае, поседува синџир ресторани и стана популарен по начинот на кој го зачинува месото.

Loading...

Имено, откако ќе го исече стекот, го посолува свиткајќи ја раката во лактот, така што солта паѓа по целата подлактица, се до месото.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

 

И тоа движење му донесе слава и милиони, па сега има се повеќе светски градови каде Нусрет ги отвора своите ресторани.

Во моментов ги има 17, а неодамна беше отворен еден во Лондон, каде што луѓето беа шокирани од цените.

 

Loading...

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

 

Еден човек сподели на својот Твитер профил по вечерата во ресторанот на Нусрет, што покажува дека сметката изнесувала 1.812 фунти, а 236 фунти се наплатуваат само за бакшиш.

Осум гости на масата направиле таква сметка, а луѓето биле крајно изненадени од цената на сокот, кој чини девет фунти, како и фактот дека за четири Ред Бул пијалаци им боче наплатени 44 фунти.

„Што по ѓаволите е златен бургер? Сто фунти, дали е тоа најдобриот  бургер во светот? И 630 фунти за стек? Јас би одбил да платам и да излезам, ова е лудо”, рекол еден твитерџија.

„Се надевам дека ви го дадоа остатокот од говедското месо за носење! 630 фунти за стек!“, „Зошто баклавата е 22 фунти, морам да го видам тој дел“, се прашуваа понатаму, пренесува „Дејли меил“.

 

Loading...