Луѓето со оваа крвна група имаат најголеми шанси да бидат алкохоличари

Сподели со своите пријатели

Американските истражувачи спровеле серија студии за да откријат кој има најголеми шанси да стане алкохоличар, а нивниот главен параметар била нивната крвна група.

Loading...

Фокус групата биле Американци и Јапонци и сите имале проблеми со пиењето.

По анализата на медицинските досиеја, резултатите од тестовите и личните признанија, истражувачите заклучиле дека луѓето од групата А имаат поголема веројатност да станат зависни од алкохол со текот на времето.

 

 

Меѓутоа, оние луѓе кои имаат крвна група нулта, според наодите, имаат вроден имунитет за пиење бидејќи најмал процент од нив се алкохоличари, пишува „Слободна Далмација“.

Анализирајќи ги резултатите, истражувачите дошле и до заклучок што ги тера луѓето од групата А да се препуштат на алкохол.

Loading...

Според нивното мислење, специфичната работа на надбубрежните жлезди го турка човекот во зависност и предизвикува пад на гликозата во крвта.

Кога се соочува со недостаток на шеќер, телото го принудува лицето да земе алкохол и да го замени.

 

 

Најчести предизвикувачи за пиење алкохол за која било крвна група се стресни ситуации, болести на најблиските, развод и други сериозни животни проблеми.

Научниците препорачуваат луѓето со крвна група А да го измамат организмот со замена на силните алкохолни пијалаци со црвено вино.

Ова ќе ја задоволи желбата за алкохол, а исто така ќе ги намали наслагите на холестерол во крвта и ќе воспостави правилно функционирање на дигестивниот систем.

Loading...