Луѓето кои имаат потешкотии со будењето се поинтелигентни

Сподели со своите пријатели

Посебно во овие студени зимски денови, знаеме колку е тешко да станете од топлата и мека постела и да се расоните, и во какво искушение сте да го навиете будилникот за уште некоја минутка подоцна.

Loading...

Иако општеството го наметнува правилото дека успешните луѓе се будат порано, новото истражување покажува дека спанковците не треба да се чуствуваат виновно – истражувањето покажува дека луѓето што имаат потешкотии со будењето се поинтелигентни, покреативни и генерално посреќни.

Студијата на авторите Сатоши Каназава и Каја Перина вели дека поинтелигентните луѓе побрзо се адаптираат на новиот стил на живот, а “snooze” копчето е релативно нова измислица во модерниот свет. Игнорирањето на правилото дека мора да скокнете од кревет кога ќе заѕвони алармот и слушањето на желбите на телото значи дека е поверојатно дека ќе ги следите вашите амбиции и сами ќе ги решавате проблемите, односно дека сте покреативни и понезависни.

Leave a Reply