Луфтханза планира да вработи 20.000 нови работници

Сподели со своите пријатели

За време на патните ограничувања предизвикани од пандемијата, Луфтханза отпушти десетици илјади вработени.

Loading...

Сепак, оваа индустрија сега закрепнува, а Луфтханза повторно бара персонал од различни профили.

Закрепнувањето во авиоиндустријата продолжува. Германската Луфтханза и нејзината подружница Еуровингс планираат да вработат 20.000 нови работници до крајот на 2023 година.

„Јасно покажуваме дека Луфтханза гледа кон иднината со многу амбиции“, рече директорот за човечки ресурси на Луфтханза, Мајкл Нигеман на почетокот на акцијата за регрутирање на Луфтханза.

А извршниот директор на концернот Карстен Спор неодамна изјави дека се планирани милијарди инвестиции во нови авиони, опрема и ИТ.

Отпуштени се 30.000 луѓе

За време на кризата предизвикана од пандемијата на корона, концернот Луфтханза отпушти 30.000 луѓе, а германската држава мораше да го спаси од банкрот со милијарди заеми.

Заемите се отплатени, а Луфтханза моментално вработува околу 108.000 луѓе, во споредба со 137.500 пред пандемијата.

Бизнисот со службени патувања, а особено одењето на одмор, повторно забележливо закрепнува.

Loading...

Тоа во текот на летото го покажа хаосот за куферите на германските аеродроми – кој настана поради недостиг на персонал.

Тие понекогаш хаотични сцени, кои брзо се проширија низ медиумите и социјалните мрежи, беа причина за жестоки критики на сметка на Луфтханза.

Пополнување на стари и нови работни места

Новиот персонал треба да ги пополни и старите работни места кои беа прекинати поради пандемијата, како и новоотворените.

Се бараат нови вработени за работа на сите главни локации на Луфтханза во Франкфурт, Минхен, Цирих, Виена и Брисел, како и во техничката база во Хамбург.

Има вкупно 45 различни работни места или професии. Фокусот е особено ставен на техничари, ИТ специјалисти, адвокати, пилоти и стјуардеси.

Не се бараат само квалификувани работници со диплома: Луфтханза исто така нуди широк спектар на професионална обука и двојни студиски програми.

Три дена штрајк – 40 милиони евра

Луфтханза Еуровингс неодамна мораше да се справи со сосема поинаков проблем со персоналот, бидејќи синдикатот на пилотите повика на тридневен штрајк. Според компанијата чинел 40 милиони евра.

Eurowings сега, исто така, објави дека ќе ја удвои својата флота на новиот аеродром во главниот град БЕР и ќе ги пополни празнините што ги оставаат другите авиокомпании.

Loading...

Севкупно, Луфтханза очекува зголемени приходи и висок профит за тековната и следната година – а тоа ќе бара нов персонал.