Луфтханза очекува добивка од над милијарда евра

Сподели со своите пријатели

Луфтханза ја удвои својата прогноза за профит за годината, истакнувајќи ја силната побарувачка за воздушен транспорт по укинувањето на мерките за ограничување на Ковид-19 и очекуваните добри резултати во карго-одделот.

Loading...

Компанијата сега очекува прилагодена оперативна добивка (EBIT) од повеќе од една милијарда евра оваа година. Во август процениле дека ќе биде нешто повисоко од 500 милиони евра.

Прелиминарните резултати за третиот квартал, објавени во понеделникот, покажаа дека превозникот речиси го удвоил својот приход, на 10,1 милијарди евра.

Прилагодената добивка пред камати и даноци се зголеми за повеќе од четири пати на околу 1,1 милијарда евра, пресметаа тие, истакнувајќи дека проценката го вклучува негативното влијание на штрајкот, од околу 70 милиони евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Пилотите на „Еуровингс“ на „Луфтханза“ повторно стапија во штрајк во понеделникот поради работното време, при што беа погодени десетици илјади патници.

„Врз основа на позитивниот развој во третиот квартал, тековната состојба на резервации, која продолжува да ја одразува силната побарувачка за авионски патувања во наредните месеци… Групацијата Луфтханза ја зголеми својата проценка за целата година“, се вели во соопштението.

Подобрената прогноза се базира и на очекувањата за уште една рекордна година за товарниот оддел на Луфтханза.

Извршниот директор на Луфтханза, Карстен Спор, минатата недела беше оптимист за изгледите за целиот сектор, велејќи дека побарувачката е стабилна, и покрај инфлацијата, додавајќи дека оптимизмот произлегува од отворањето на Јапонија за туристите и растот на побарувачката за деловни патувања.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Компанијата ќе го објави својот целосен извештај за третиот квартал на 27 октомври.