ЛУДИЛО: Авион се вратил на пистата бидејќи патничка не сакала да носи маска

Сподели со своите пријатели

Патнички авион на Американ Ерлајнс на релација Мајами – Лондон се свртел на Атлантикот и се вратил во САД поради еден патник кој одбил да носи маска, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Loading...

Авионот се вратил во Мајами час и 48 минути по полетувањето од тој град.

„Летот на „Американ ерлајнс“ од Мајами до Лондон е вратен во Мајами поради патник кој одбил да го исполни федералното барање да носи маска“, соопшти Американ ерлајнс.

Полицијата во Мајами потврди дека добила пријава за патник кој одбил да носи маска на летот.

Патничката е уапсен, а летот со 129 патници и 14 членови на екипажот е откажан, поради што Американ ерлајнс им се извини на патниците.

Според американската Федерална агенција за воздухопловство (ФАА), оваа година се регистрирани 151 пријава за патници кои предизвикуваат проблеми на летовите, од кои дури 92 се поврзани со носење маски.