Ловна пушка, пиштол и муниција најдени кај две лица во Матејче

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Џ.Ј. (60) и седумнаесетгодишник, двајцата од с. Матејче, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеници, при извршен претрес во домот на првопријавениот во село Матејче, пронајдени биле ловна пушка калибар 16 мм, два куршуми со калибар 7,9х57 мм и еден проектил калибар 7,9х57 мм што ги поседувал без дозвола.

Од страна на полициски службеници, при извршен претрес во домот на второпријавениот на ул. „Карадачки Одреди“, пронајдени биле пиштол калибар 7,62 мм, полуавтоматско огнено оружје, една рамка и шест куршуми што исто така ги поседувал без дозвола.