Ловец на НЛО дошол до исклучително откритие во Обалст 51: Таму кријат вонземски роботи (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Самопрогласен ловец на НЛО, Скот Ц. Варинг, е убеден дека одреден вонземски робот висок 16 метри се наоѓа во мистериозната област 51, во САД.

Loading...

Тој е убеден дека видел нешто необично во строго чуваната воена база во Невада додека ја пребарувал областа со помош на Гугл.

Тој тврди дека има необично обликуван објект помеѓу бројните згради и дека станува збор за голем робот.

Тој дури ги наведл координатите (37 ° 13’26.26 “N 115 ° 49’2.37” W), гледајќи ги сликите од Google.

– Најдов темна фигура од околу 16 метри во Областа 51 и се чини дека има уште една, десно, но помала. Кога ги погледнав постарите фотографии на истата локација, забележав дека фигурата претежно се движи настрана и ја менува позицијата на секоја следна фотографија – рече тој.

 

 

Loading...

Бидејќи е љубител на приказни за НЛО и теории на заговор, тој верува дека оваа аномалија е уште еден доказ дека американското воено воздухопловство крие нешто со години или експериментира со роботи што можат да се користат во борба.

Сепак, можно е тоа да е едноставно зграда или сенка. Покрај тоа, постои и научно објаснување за вакво нешто, наречено пареидолија.

Тоа е психолошки феномен кога луѓето гледаат нешто во одредени предмети или модели што всушност не постои. На кратко, давање значење на нешто што го слушаме или гледаме, а всушност, нема никакво значење или смисол.

Ова не е прв пат Варинг да се огласува на интернетот, тврдејќи дека направил големи „откритија на вонземјани“.

Во секој случај, Ареа 51 сигурно останува една од најзаштитените области, не само во Америка, туку и во светот, а фотографиите од базата покажуваат дека покрај одредени објекти и машинерија, има, да речеме, поле за бејзбол.

Leave a Reply