Лошата исхрана е причина за секоја петта смрт во светот

Сподели со своите пријатели

Лошата исхрана била пресудна за секоја петта смрт во светот минатата година, покажа истражувањето објавено во британскиот магазин The Lancet.

Главни ризик фактори се недоволното конзумирање производи од цели житарици, оревести плодови, овошје или преголемото внесување сол во организмот, поради што поединци станале гојазни, имаат висок крвен притисок и високо ниво на холестерол во крвта.

Loading...

 

 

Гојазноста е голем проблем во многу земји од светот, вели Кристофер Мари, од Институтот за мерни податоци за здравје од Универзитетот Вашингтон во Сиетл.

Слично е и со менталното здравје, односно болестите, како депресија и зависност. По резултатите од студијата во 2016 година евидентирани се 1,1 милијарди случаи.

 

Loading...

 

Три четвртини од сите смртни случаи евидентирани лани се од незаразни болести, а срцевите болести и дијабетес тип 2 се во пораст во многу земји.

Компликациите што ги предизвикал дијабетесот во текот на 2016 година однеле 1,43 милиони луѓе, што е за 31,1 отсто повеќе од 2006 година.

 

 

Лошата исхрана и не вежебањето придонесуваат за развој на дијабетес тип 2, а од болести настанати како последица од пушење лани починале 7,1 милиони жители.

Здравствените работници укажуваат и на некои позитивни трендови, а тоа е значаен успех во борба против некои заразни болести особено СИДА и маларија.

Loading...

Спротивно на тоа, бројот на смртни случаи од заразата данге во последните 10 години пораснал за 82 отсто, а таа тропска и суптропска болест лани однела 37.800 човечки животи.

 

 

Според податоците во чие собирање учествувале 2.500 стручњаци од повеќе од 130 земји во рамки на истражувањето под назив “Global Burden of Disease Injuries and Risk Factors 2016”, лани во светот се родиле 128,8 милиони новороденчиња, а починале 54,7 милиони луѓе.

Leave a Reply