„Лошата ефикасност на Црноморската флота ја поткопува руската стратегија“

Сподели со своите пријатели

Бродови на руската Црноморска флота сè уште се во одбранбена позиција, при што патролите главно се ограничени на водите околу областа Крим, соопшти британското Министерство за одбрана во дневниот извештај за ситуацијата во Украина.

Loading...

„Ова е во спротивност со зголемената руска поморска активност во другите мориња, што е типично за овој период од годината. Црноморската флота продолжува да користи ракети со долг дострел за поддршка на копнените офанзиви, но има проблеми со контролата на морето“, пишува Министерството.

„Русија го загуби својот предводник Москва, значителен дел од своите морнарички борбени авиони и контролата над Змискиот остров. Ограничената ефикасност на Црноморската флота ја поткопува севкупната стратегија за инвазија на Русија; што значи дека Украина може да ги пренасочи своите ресурси и да изврши притисок врз руските копнени сили во други области“, додава тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.