Лопате, Речица и населбата Вера Которка ќе добијат фекална канализација

Сподели со своите пријатели

Населбата Вера Которка и дел од селата Лопате и Речица наскоро ќе добијат нова фекална канализација.

Општина Куманово распиша оглас до Бирото за јавни набавки за изработка на основен проект на добивање на е-дозвола за изработка на техничка документација за канализацијата.

Проценетата вредност на тендерот изнесува 880.000 денари без ДДВ.

Компанијата треба да обезбеди архитектонски услуги, инженерски услуги и интегрални инженерски услуги, услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето, поврзани научни и технички советодавни услуги и услуги за технички испитувања и анализа.

фото: архива

Leave a Reply