Лондон: Секој што се грее на дрва ќе платат казна од 300 фунти

Сподели со своите пријатели

Сопствениците на печки на дрва наскоро би можеле да бидат казнети со по 300 фунти, откако владата објави дека ќе го забрани поседувањето на уредите.

Loading...

Според Тајмс, печките на дрва кои станаа симбол на средната класа станаа поголеми загадувачи од автомобилите.

Локалните власти одговорни за спроведување на правилата за контрола на чад во урбаните средини им беше тешко да ги изведат луѓето на суд и да обезбедат докази за загадениот воздух, а за шест години беа изречени само 17 казни, и покрај повеќе од 18.000 жалби.

Сега владата им нареди на локалните власти да размислат за користење на овластувањата според Законот за животна средина од 2021 година за да наметнат граѓански казни на самото место, кои може да се движат од 175 до 300 фунти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Оние кои ќе продолжат да ја прекршуваат забраната ќе се соочат со казни до 5.000 фунти и 2.500 фунти за секој ден кога ќе се прекрши забраната.

Популарноста на печките на дрва рапидно порасна во последната деценија бидејќи тие станаа нешто како статусен симбол за средната класа, пренесува Танјуг.

Емисиите на еден од најштетните видови на загадување на воздухот од согорувањето на дрвата за домаќинствата, ситните честички познати како PM2.5, се зголемија за 35 отсто помеѓу 2010 и 2020 година.

Воведувањето на законот има за цел да го намали количеството чад во најзагадените градови како Лондон, Бирмингем, Манчестер и многу други градови во Велика Британија.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца