Локална власт не може да урива дотраени куќи со обжалени решенија (видео)

Сподели со своите пријатели

Откако Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Куманово денес излезе со обвинувања до локалната самоуправа за негрижа за старата градска архитектура што според партијата резултираше со уривање на дотраен објект на улица Ленинова, со реакција се јави раководителот на Секторот за урбанизам, Лидија Ланг – Спасовска, која даде свое видување за тоа кој е одговорен за вчерашниот немил настан.

Loading...

– За жал, вчера дојде до уривање на склонопаден објект. Но, битно е да се напомене дека претходно е запазена целосната законска процедура пропишана во Законот за просторно и урбанистичко планирање и Закон за градба. Со овластување на градоначалникот, формирана е комисија за склонопадни објекти. По укажување на инспекторат за постоење на таков објект, пристапивме кон извршување на одредени законски одредби. Ги повикавме инвеститорите од објектот на ул. Ленинова, каде што се јавуаат неколку сосопственици, т.е само еден  е Македонија, а остантите се во Босна и Хрватска и ги информиравме дека постои опасност за паѓање на нивниот објект, вели Спасовска.

Согласно чл. 99 од Законот за градба,   сопственикот е должен самиот да го заштити и доколку треба да се отстрани, тоа да го стори на сопствен трошок, вели Спасовска, додавајќи дека доколку тоа не го стори сопственикот, тогаш општината е должна да преземе конкретни чекори за уривање.

– Во случајот, до Секторот за урбанизам дојде писмено известување од сопственикот дека тие ќе го сносат трошокот за уривање и дека се чека на изготвување на елаборат кој ќе биде доставен во најкраток можен рок. Јас разговарав и со проектантот на проектната документација, и се договоривме елаборатот да ни биде доставен што е можно побрзо, меѓутоа, до денес не ни беше доставен и немавме можност да постапиме, вели Ланг – Спасовска.

Сопственикот е задолжен во најкус можен рок да најде градежна фирма која професионално ќе го отстрани објектот, но, иако општината досега испратила писмени решенија до сите сопственици на дотраени објекти да преземат конкретни чекори, истите се обжалени со што предметите завршиле во второстепена судска постапка.