Локалитетот Студена вода пошумен со над 1.500 садници (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Излетничкото место Студена вода во Куманово од денеска ќе го красат над илјада и петстотини нови дрвја.

Loading...

 

 

Општина Куманово во соработка со Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ денеска спроведоа акција за пошумување на овој локалитет со цел да се даде придонес за почист воздух и разубувавување на самото место.

 

 

Loading...

Дрвја садеше и градоначалникот Максим Димитриевски, кој вели дека оваа пошумување е дел од т.н. зелена кампања која ќе трае два месеци и ќе бидат засадени повеќе дрвја на низа локации во градот.

– Целта е да пошумиме што поголем број повришини, садиме четинари и листопадни дрвја кои претходно општината во постапка за јавна набавка обезбеди поголем број листопадни квалитетни садници кои ќе ги користиме за разубавување на централното градско подрачје, но и вон централното градско подрачје. Сакаме да излеземе и во населбите да стигнеме до сите места, рече Димитриевски.

 

 

Тој ги повика граѓаните да се вклучат во овие акции со цел во следните два месеци да се засадат што поголем број вакви садници.

– Имаме на располагање квалитетни садници и во нашиот расадник кој е сопственост на Чистота и зеленило и секако и квалитетни садници кои се набавени претходно од општината. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите вработени во Јавното претпријатие на в.д. директорот, и на сите активисти кои ќе се вклучат. Сакаме да направиме кампања во овие два месеци да постигнеме максимален број на засадени нови зелени површини во градот, изјави градоначалникот.

 

Loading...

 

Над 1.500 дрвја кои денеска беа засадени се чемпреси, заедно со уште 40 листопадни садници и 60 украсни грмушки.

– Акцијата уште ќе се продолжи со засадување садници на оваа локација. Инаку во континуитет садиме на кеј, во центрланото градско подрачје, на кружниот тек, ги обновуваме оние механички искршени и уништени садници и во целото градско подрачје. И приградските населби се опфатени со нови садници, имаме договорено акција во Агино село, исто така и за садење на дабов садник со здружението на граѓани „Коледари“, така да во нарендиот период во конитнутет ќе се садат доста голем број садници и од нашиот расадник и од садникот што е набавен од страна на општината, рече Цветанка Ивановска, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.

 

 

Како што рече Ивановска, од страна на несовесни граѓани се уништени и дел од садниците на градскиот кеј. Таму во изминатиот период, вели таа, засадени се 25 листопадни садници и 60 зимзелени садници. Целата должина покрај оградата на кејот ќе ја красат нови 120 садници.

Loading...

 

 

Инаку, локалитетот Студена вода претходно беше мета на вандали иако сѐ уште целосно не е уреден. Со цел да се спречат идни оштетувања од несовесни граѓани, ќе се постави и видео опрема за обезбедување која ќе биде донација од изведувачот на градежните активности.

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply