Локалитетот Спомен Костурница пошумен со зимзелени дрвца (фото)

Сподели со своите пријатели

Локалиетот Спомен Костуеница од денес е побогат со 50 зимзелени дрвја откако општинската администрација поддржана од Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ се вклучи во акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“.

 

Loading...

dsc_0030

 

Како што рече градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, овој монумент со години тоне и се руинираи најави дека нскоро ќе се води борба Спомен Костурница и локалитетот Менкова колиба да бидат реновирани и обновени.

Ова е симболично место за Куманово и Република Македонија, затоа денеска сите сме тука заедно со администрација, со јавното претпријатие, членовите на Социјалдемо кратската младина и сите оние добронамерници кои ја почитуваат борбата на Куманово за слобода на Македонија, да сме живи и здрави да се надеваме дека ова наша заложба во наредната година ќе биде остварена, да не се срамува кога ќе доаѓаме на овој историски споменик, еден монумент кој ја означува нашата кумановска и македонската историја да биде во ново и светло руво – рече Дамјановски.

dsc_0040

 

Како што потенцираше Дамјановски, ова не е само акција за пошумување, туку и акција да се подигне свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина.

Ние како локална самоуправа немаме доволно комунална инспекција да ги заштитиме сите позиции. Куманово располага со една депонија која уште нема санитарни карактеристики, меѓутоа паралелно имаме над 20-тина диви депонии кои постојано ги чистиме и постојано биднуваат мета на несовесните граѓани за депозиот на шут и смет. Денеска поново имаме акција на две места каде ги чистиме тие зони и се надевам, мојот апел до граѓаните, за совеста и однесувањето на граѓаните кон природата, заштита на животната средина ќе стигне до крајната цел и ќе почнеме одоговорно да се однесуваме кон животната средина – додаде Дамјановски.

dsc_0041

 

Пред неколку дена повторно е завршена акцијата за чистење кај мостот на влезот на населбата Перо Чичо, а во изминатит е 15 дена исчистена е и реката Којнарка за да се направи превенција од можни поплави во зимските и пролетни месеци.

 

Loading...

dsc_0043