ЉУБОВЕН ЛЕТЕН ХОРОСКОП: Овенот го очекува авантура во август, а на багите сите им љубоморат

Сподели со своите пријатели

Кому летово носи љубовна авантура, а кој ќе вплови во брачните води? Прочитајте што предвидуваат астролозите.

Овен

Опозицискиот Јупитер цело лето ќе отвора нови шанси за зближување, но ќе ве направи и мрзеливи. Квадратниот Марс се до 21 јули ќе ве става во искушение за непромисленост, па кога се ќе се собере, ќе одите чекор напред, чекор назад. Ќе ви биде потребна тактика. Затоа осмиот месец ќе биде најповолен за љубовни атквиности, но и подоцна ќе има убави прилики.

Бик

Тие во врските може да очекуваат склад со личните односи без поголеми турбуленции. Оние кои уште бараат сродна душа најмногу успех ќе имаат ако се ослонат на сопствената сила и ако самите преземат иницијатива. Некои во деновите околу 21 август ќе заршат една од своето занимање и ќе тргнат во нешто сосема ново.

Близнаци

Целиот јули ќе бидете привлечни за другите, а многу врски ќе процветаат. Ќе заборавите на рутината и ограничувањата во изминатите неколку месеци. Ќе бидете весели и безгрижни. Позицијата на Јупитер цело лето ќе ве направи друштвено привлечна личност која знае да се забави. Младите Близнаци со леснотија ќе пронајдат нова љубов.

Рак

ВО текот на јули ќе скоканите и кога треба и кога не треба, па се препорачува релаксација како на саканата линост не би делувале помалку вознемирувачки. Ќе имате сила, но ќе претерате со акциите. Осмиот месец ќе биде помирен, попријатен и далеку поповолен за љубов, а вие многу привлечни за сите околу вас. Во деветиот месец ќе ви порасне самодовербата.

Лав

Ова лето за вас ќе биде важно во секој поглед, така љубовта ќе биде само една од еднакво важните теми. Нема ништо да ви недостига, ќе бидете задоволни, но одвнатре ќе бидете немирни затоа што постојано ќе чувствувате некоја промена што доаѓа. Таа ќе се манифестира на 7ми август, а финално на 21ви август. Одлуките носете ги барем некој ден подоцна.

Девица

Можни се мали грешки во чекорите ако премногу анализирате. Ќе биде важно во старт да имате јасна цел и вашите односи да бидат чисти. Затоа ако постои било каква магла која ја чувствувате како неискреност, претворање, играње улоги, било од ваша, било од друга страна, откажете се од тоа и отворете ги своите срца со доверба. Ако во тоа успеете, ќе бидете среќни.

Вага

Јупитер во вашиот знак ќе ве мази цело лето, иако Марс во Ракот до 21 јули ќе направи потег кој би било подобро да се избегне. Но, исто така, истиот  потег бргу е го заборавите и избледите во морето на доброто љубовно расположение. Ќе бидете отворени, љубезни, подготвени за споделување и заедништво. Нема лош транзит на вашето љубовно небо.

Шкорпија

Пред вас е угодно и мирно љубовно лето. Тешко дека било што ќе може да го наруши вашиот љубовенс клад, а ако уште сте сами, работите ќе се одвиваат чекор по чекор, темелно и стабилно. Сончевото помрачување на 21 август можеби пролазно ќе ве вознемири затоа што се случува во вашето природно 10то поле, поле на статуст и кариера, но нема да влијае значително на вашиот приватен живот.

Стрелец

На многумина ќе им изгледа како да се заборавени, но не е баш така. Вистината е дека во првата половина од летото ќе изостанат за вас посакуваните сензации, но нема да се случува ништо посебно лошо во приватната сфера. Вториот дел од летото ветува значително полошо, но најмногу затоа што вие самите ќе се отворите за љубов. Запамтете дека од вас ќе зависи како ќе ви биде целото лето.

Јарец

Опозицискиот Марс во вашето природно 7мо поле до 21 јули ќе доесе малку искушенија со немири и стрес, но ако на тоа пристапите како шанса да расчистите и уште подобро да ги зацврстите своите односи, ќе бидете на добивка. Важно е само да се воздржувате од нагли реакции и да издржите. Вие тоа најдобро го знаете. Продолжетокот на летото ќе биде секој ден се подобар и подобар. Уживајте.

Водолија

Летото ќе започне релативно мирно, но по 21 јули работите околу личните односи се повеќе ќе за замрстуваат. Суштината е што овој пат ќе мора да се ангажирате околу споменатите и тоа во правец на дипломатија и толеранција. Тоа ќе потрае, но кулминацијата се очекува околу 21 август кога Сончевата еклипса ќе биде во вашето природно 7мо поле, поле на односите. Ќе затворите една, а ќе започнете нова фаза.

Риби

Тешко дека вас нешто ќе може да ве исфрли од такт кога станува збор за љубовниот живот. Цело лето ќе ве избегнуваат транзитите, но кога и по некој пролазно ќе дојде, ќе помине, веќе на небото ќе има кој да ве заштити. На вас е да уживате и да го земете она што најдобро можете. Посебно е важно да ги зацврстите своите односи и да ги наполните батериите, затоа што тоа веројатно ќе дојде кон почетокот на есента.

 

Loading...