Ливерпул го загуби статусот светско културно наследство на УНЕСКО

Сподели со своите пријатели

Англискиот град Ливерпул е отстранет од списокот на светско културно наследство на УНЕСКО, поради новите градби што ја поткопуваат привлечноста на пристаништата од викторијанската ера, со што градот стана трет во историјата отстранет од тој престижен список.

Loading...

Ливерпул беше додаден на списокот во 2004 година, а во образложението на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО се наведува дека современите градби ја нарушуваат „автентичноста и интегритетот на градот“, пренесува Ројтерс.

Ливерпул доби место на списокот на УНЕСКО поради неговата улога како едно од најважните пристаништа во текот на 18 и 19 век и неговата единствена архитектонска убавина.

 

 

Градоначалничката на Ливерпул, Џоан Андерсон изјави дека за неа е несфатлива одлуката да го отстрани Ливерпул од списокот и дека таа ќе се жали на одлуката.

„Јас сум крајно разочарана и загрижена. Нашето место на светското наследство никогаш не било во подобра состојба, бидејќи има корист од стотици милиони фунти инвестиции”, рече таа.

Loading...

Освен Ливерпул, единствени кои се отстранети од списокот се Аман во 2007 година и долината Елба во Дрезден во 2009 година поради изградба на мостови на таа река.

Leave a Reply