Литературно читање по повод патрониот празник на СОУ „Перо Наков“

Сподели со своите пријатели

По повод патрониот празник , вчера во Средното општинско училиште„ Перо Наков “ од Куманово се одржа литературно читање.

Традицијата патрониот празник да се започне со распишување литературен конкурс за учениците од сите наставни години, продолжи и годинава во економското училиште, а се твореше на две теми „Јас“ и „Кога срцето ќе прозбори“.

Напишаните творби учениците вчера ги прочитаа пред наставниците и нивните соученици. Ни претставува голема чест што оваа година наши гости на овој настан беа пензионираните наставници по македонски јазик и литература кои имаа задача да ги оценат творбите на учениците, изјави Фросина Крстевска, наставник по македонски јазик и литература при СОУ „Перо Наков“.

Наградените ученици се Меланија Димковска , Анастасија Спировска , Ивона Лазаревска и Климент Вукановски, и истите ќе добијат пофалници на свечената приредба што ќе се одржи денеска во училиштето.