Линдзи Вон ќе продолжи се додека не го скрши рекордот на Стенмарк

Сподели со своите пријатели

Линдзи Вон веројатно повеќе никогаш нема да вози на Олимписките игри, но Американката се уште има за цел да го подобри рекордот на Ингемар Стенмарк од победи во Светскиот куп.

Триесет и тригодишната Вон има потреба од уште само шест победи, за да стане најуспешна натпреварувачка како кај жените, така и кај мажите во алпско скијање. Во моментов има 81 победа.

– Се надевам дека ќе успеам да го направам тоа во рамките на следната сезона, бидејќи не мислам да се откажувам, пред да го подобрам рекордот, без разлика колку болка чувствувам. Но, навистина се надевам дека ќе е само една сезона, бидејќи потоа ќе ми биде многу тешко, вели Вон.

– Ако, сепак, останам на патеката и по следната сезона, можеби ќе размислам и за следната Олимпијада. Но, сето тоа зависи од моето здравје. Можам само да гарантирам дека ќе продолжам да се борам за овој рекорд, додаде Вон. /МИА

Leave a Reply