Ликвидирано ЈП „Еко зона“ Куманово

Сподели со своите пријатели

Поради формирање на новата регионалнадепонија која треба да ги опслужува Североисточниот и Истиочниот регион воРепублика Македонија, денеска беше ликвидирано претпријатието за стопанисувањесо отпад „Еко зона“ во Куманово.

Loading...

Со одлуката на Советот на ОпштинаКуманово, оваа претпријатие повеќе нема да постои. Истиото никогаш ништо неработело, ниту пак имало вработени. Неговата цел била спроведување на проект зарегионална депонија, преку ИПА фондот, рече Младен Протиќ од СИПР.

– Заедничкото јавно претпријатие е формирано во 2012 година од пет општини со цел да се практично влезе во проектот за заедничко управување и изградба на регионална депонија, еден од условите продолжи, а тоа е проект за регионални планови за управуавање со отпад во Североисточен и Источен плански регион и се уште продолжува. Само за тој проект беше формирано тоа јавно претпријатие, нема вработени, ниту работело нешто, беше со идеја кога регионалните депонии ќе се отворат да управува со тие депонии, но според некои закони на ЕУ и Република Македонија, се увиде дека тие претпријатија на тој начин не можат да работат и по донесена одлука за една регионална депонија мора да се формира едно заедничко ЈП за овие два региони, за таа цел мора да се угаси ова во нашиот регион, рече Протиќ.

Leave a Reply