Лидија Вукичевиќ со претставата „Обвинителка“ вечерва во Куманово

Сподели со своите пријатели

Македонско – српската хит комедија „Обвинителка“ вечерва од 20 часот ќе биде премиерно играна на сцената на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Loading...

Во претставатаиграат Лидија Вукичевиќ, Магдалена Ризова – Черних и Сашо Ристовски.

Автор на претставата е Огнен Неделковски, а во режија на Сашо Ристовски.

Костимограф на претставата е Елена Лука, сценографијата е на Крсто Богојевски, а за музиката е задолжен Мишел Трајковски.

Оваа комедија е копродукција и размена на уметници од Македонија и Србија.

Главната улога во оваа урнебесна комедија ја игра популарната актерка Лидија Вукиќевиќ, која е позната по серијата ,,Бољи живот”, ,,Жикина династија” и уште многу други ТВ и театарски улоги.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гиновска: Вчерашниот митинг беше масновно изразување на народната волја (ВИДЕО)

– Спојот на уметници и соработници од двете држави треба да се зајакне, културата обединува, а преку хит комедијата ,,Обвинителка” ќе го прикажеме пред публиката кај нас и во регионот тоа. Како е да се работи во обвинителство? Како е да се биде обвинителка? Како е да се биде обвинет? Како да се спасиш од обвинение? Тоа се дел од прашањата кои ќе бидат одговорени низ урнебесните комични ситуации во претставата, велат организаторите.

Никола Ивановски

Loading...