Лидер на банда се маскирал во својата ќерка, но не му успеало да ја измами полицијата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Лидер на една бразилска банда се обидел да избега од затвор, така што се маскирал во својата ќерка.

Loading...

Калувино да Силва носел гумена маска и перика за да излезе од затворот во Рио, очигледно до план да ја остави својата ќерка внатре, соопштиле властите во недела, а пренесува „Гардијан“.

Да Силва, познат и како „Шорти“, се боидел да го напушти затворот во западниот дел на Рио де Женеиро, облечен во облеката на својат аќерка, но неговата нервоза го издала, рекле затворските власти.

Очигледно е дека неговиот план бил да ја остави својата 19-годишна ќерка во затвор. Полицијата ја истражува нејзината улога на соучесник во неуспешниот обид за бегство од затворот Герицино.

Државниот секретар на управата на затворот во Рио објавил фотографија и видео на кои се гледа Да Силва како ја вади маската и дел од облеката, а го изговара и неговото цело име.

Властите соопштиле дека Да Силва бил дел од раководството на Црвената коменда, една од најмоќните криминални групи во бразил која ја контролирала трговијата со дрога во поголемиот дел од Рио.

По неуспешниот обид за бегство, да Силва бил префрлен во единица од затворот со максимална безбедност и ќе се соочи со дисциплински санкции, рекле властите.

Leave a Reply