Лицето кое го нападна чуварот во ЈП „Чистота и зеленило“ си заработи кривична пријава

Сподели со своите пријатели

Триесет и двегодишниот Б.С. од Куманово заработил кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено на 17-ти минатиот месец околу 13.50 часот во кругот на градската депонија пријавениот дошол со цел да собира пластичен отпад. Вработениот во депонијата не му дозволил, настојувајќи притоа да го избрка од депонијата. Откако одбил да си замине, настанала вербална расправија во која пријавениот со употреба на физичка сила на вработенито му нанел тешки телесни повреди во пределот на главата.

Тогаш, чуварот на депонијата „Дрисла“, инаку вработен во ЈП „Чистота и зеленило“ со тешки телесни повреди беше итно беше префрлен на скопските клиники.