Либан сѐ уште ја истражува експлозијата во Бејрут: Русите испратија сателитски снимки

Сподели со своите пријатели

Русија испрати на Либан сателитски снимки што ги има за пристаништето во Бејрут пред и откако беше потресено од огромна експлозија минатата година, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите со неговиот либански колега во Москва.

Loading...

Руската вселенска агенција Роскосмос минатата недела објави дека се согласила да достави слики по барањето на либанскиот претседател Мишел Аун, пренесува Ројтерс.

Експлозијата беше најтешката мирнодопска катастрофа во земјата.

– На барање на либанската влада денеска ги предадовме материјалите подготвени од Роскосмос и се надеваме дека ќе помогнат во истрагата за причината за овој инцидент. Ова прашање сега добива доста сериозно внимание во Либан и се надеваме дека може да се затвори“, изјави Лавров за новинарите.

Во експлозијата на 4 август 2020 година, една од најголемите ненуклеарни експлозии во светот, загинаа повеќе од 215 луѓе, илјадници беа повредени и уништени делови од либанскиот главен град, а истрагата сè уште е во тек.

Лавров додаде дека тој и неговиот либански колега Абдала Бу Хабиб разговарале и за можното учество на руски компании во реконструкцијата на инфраструктурата уништена во експлозијата.

Шефот на руската дипломатија сепак не наведе за кои компании може да се работи.