Левица: Зарем не е срамно г-ѓо. Милановска јавно да изјавите дека на вашите вработени им давате плата од мизерни 10.000 денари?

Сподели со своите пријатели

По изјава на претседателката на Здружението на чевлари на град Куманово, своја реакција има кумановскиот огранок на партијата Левица.

Чевларската индустрија не може да исплаќа 12.000 денари минимална плата, бара намалување на придонесите

Loading...

Како што стои во соопштението од партијата, членовит ена Левица доаѓаат од редовите на работниците или потекнуваат од работнички семејства па сакаат да и постават неколку прашања.

Соопштението го пренесуваме интегрално:

По срамната изјава на г-ѓа. Лидија Милановска, претседателката на „Здружение на чевлари на Куманово“, членовите на Левица кои доаѓаат од редовите на работниците и потекнуваат од работнички семејства сакаат јавно да и ги постават следните прашања:

Зарем не срамног-ѓо. Милановска јавно да изјавите дека на вашите вработени им давате плата од мизерни 10.000 денари, додека вие остварувате пристојно големи профити од нивниот труд. Дали некогаш г-ѓо. Милановска сте се запрашале како изгледа работничката мака вреднувана на 10.000 денари месечно? Дали можете да си го замислите животот со 10.000 денари месечно?

Дали знаете дека работникот на кој му исплаќате минимални 10.000 денари плата се наоѓа под прагот на сиромаштијата и се вбројува како „сиромашен граѓанин“ во статистиките на Државниот завод за статистика? Дали знаете дека месечната потрошувачка кошничка на едно четричлено семејство изнесува околу 32.000 денари?

Зарем не е безобразно и апсурдно да кажете дека работниците ќе штрајкуваат и ќе се против на зголемувањето на минималната плата?

Зошто г-ѓо. Милановска јавно не говорите дека голем дел од газдите во Куманово всушност и не плаќаат придонеси и не дозволуваат синдикално организирање на работниците.

Зошто не ги отворите прашањата за постојаниот мобинг и психичкиот терор кој се врши врз вработените во чевларските и текстилни фирми во Куманово?

Зошто јавно не говорите дека вработените во чевларската, текстилната и кожарската индустрија работат прекувремено и не добиваат соодветен надоместок за тоа?

Зошто г-ѓо. Милановска јавно не говорите дека вработените во текстилна, чевларска и кожарската индустрија работат во недели и на државни празници без соодветен надоместок?

Зошто г-ѓо. Милановска јавно не кажете дека вработените во текстилна, чевларска и кожарската индустрија работат во мизерни услови без соодветно загревање и разладување на работната просторија.

Зошто не кажете дека работничките во Куманово наместо да добијат породилно отсуство добиваат отказ?

Левица како партија на работниците и за работниците, ги повикува истите да се обединат под знамето на Левица, во борба за унапредување на работничките права и ставање крај на неподносливата експлоатација.