„Летото ќе биде исклучително топло“: Шпанија веќе бележи рекорди

Сподели со своите пријатели

Оваа година Шпанија ја бележи својата најтопла пролет во историјата и втора најсушна досега, објави денеска националната метеоролошка агенција.

Loading...

Најновите податоци укажуваат на продолжување на екстремно високите температури кои беа присутни во текот на 2022 година, која беше најтоплата година досега забележана во Шпанија, пренесува АП.

Пролетните горештини беа придружени со недостиг од дожд, што ќе ја влоши долгорочната суша во Шпанија и покрај врнежите забележани во текот на изминатиот месец, соопшти метеоролошката служба.

Шпанските власти во вторникот објавија дека акумулациите во земјата се со 47,4 отсто од капацитетот, продолжувајќи го трендот на намалување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Метеоролошката служба посочи дека тоа остава негативни ефекти врз екосистемот на таа медитеранска земја.

Температурите на површинските води регистрирани во 2022 година беа највисоки од 1940 година, велат метеоролозите, предупредувајќи дека феноменот го загрозува морскиот живот и неговата способност да се репродуцира.

„Летото ќе биде исклучително жешко“

Констатирано е и дека високите температури имаат последици и по здравјето на луѓето и екосистемите, во смисла на зголемена веројатност за шумски пожари.

Според прогнозите на шпанската метеоролошка служба, претстојното лето најверојатно ќе биде екстремно топло, иако постои можност за бурни врнежи.

Loading...

Минатиот месец, шпанската влада објави мерки во вредност од 2,2 милијарди евра за борба против сушата, кои вклучуваат финансирање за рециклирање на водата во градовите и континуирана помош за земјоделците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Шпанија е водечки европски производител и извозник на свежо овошје и зеленчук, а во април земјата побара итни средства од Европската унија врз основа на лошите прогнози за овогодинешните приноси.