Летало на НАСА вечерва удира во астероид

Сподели со своите пријатели

Ако се биде во ред, тоа ќе биде спектакуларен судир со астероид кој, за жал, нема да можеме да го гледаме со висока дефиниција, бидејќи вселенското летало Дарт ќе удри во астероидот Диморфос на оддалеченост од 11 милиони километри од Земјата.

Loading...

Се очекува целосно уништување на леталото од 330 милиони долари, кое ќе се судри со астероидот со брзина од седум километри во секунда, се во име на планетарната одбрана.

Астероидот Диморфос не претставува закана за Земјата, а судирот со вселенското летало Дарт (во превод – барбус, т.е. акроним за „тест за двојно пренасочување на астероидот“) е експеримент за да се утврди дали е можно да се пренасочат вселенските карпи во во случај да претставуваат опасност за планетата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 34 загинати во лизгање на земјиште во Колумбија

Експертите сакаат да видат дали прецизен удар може да го поттикне астероидот доволно за да го оттргне од сегашниот тек, така што, доколку е потребно, човештвото еден ден би можело да ја избегне судбината на диносаурусите.

„Ова е комплицирана игра на вселенски билијард.

Она што сакаме да го постигнеме е да искористиме што е можно повеќе од кинетичката енергија од Дарт за да го придвижиме астероидот“, објаснува професорот Алан Фицсимонс, астроном и член на тимот за Дарт на НАСА.