Лепа Брена вечерва на плоштадот во Куманово

Сподели со своите пријатели

Балканската мега ѕвезда Лепа Брена вечерва ќе настапи на третата вечер од музичката прослава по повод 500-годишниот јубилеј на Куманово.

Loading...

Пред неа ќе настапат локалните музичари Нино Величковски, Маргица Антевска и Сандра Милковска, па дувачкиот оркестар на Бојан Ристиќ.

Се очекува вечерва присутните да ги поздрави и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, по што ќе следува традиционалниот огномет.

Бројни странски делегации во пресрет на празникот се веќе пристигнати во Куманово, а пристигнаа и неколку верни фанови на Брена од Балканот.

Leave a Reply