Лекарка тврди дека воскреснала три дена по смртта: „Го видов и рајот и пеколот“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Докторката од Украина, Татјана Анисимова Бјелоус, пред камера раскажа како оживеала по три дена смрт, како заминала нејзината душа и како се вратила во своето тело!

Loading...

Д-р Татјана Анисимова Бјелоус (65), од Украина, била мртва три дена! Таа починала на операционата маса во болницата во Одеса. Нејзиното семејство дошло по телото по 72 часа, но ги чекало изненадување.

„Телото не е тука. Татјана оживеа”, им рекле докторите.

„Се шегувате. Како може мртов човек да оживее по три дена?”, прашале членовите на семејството.

Само сопругот на Татјана, Вецеслав, бил единствениот што имал чувство дека неговата сопруга ќе оживее и ќе се врати… Господ му рекол, тврди тој!

Татјана Анисимова Бјелоус е мајка на пет деца и живее во Одеса. Чудесниот настан се случил во 1991 година. Сега, за прв пат, таа зборуваше за „тој“ свет.

„Поради рак на мозокот, завршив на операција и после три дена се разбудив во мртовечница“, открива Татјана и продолжува кон најважното – за тоа како нејзиниот дух поминал низ рајот, чистилиштето и пеколот!

„Откако го видов пеколот и рајот и застанав во подножјето на Божјиот престол, влетав во моето тело со големо страдање и болка. И тогаш видов соба, плочки на sидовите, жена во бело здолниште и истурена вода на подот, Жена вперуваше со прст во мене во целосен шок, не можеше да изговори ниту збор“, опишува Татјана.

Loading...

„Таа жена пребледе, а потоа почна да вика. Ја прашав зошто вика, се боли, а таа избезумено избега од мртовечницата”, вели Татјана.

Татјана, исто така, го опишува патувањето низ рајот и пеколот. Се започнало во операционата сала откако душата го напуштила телото.

Стоела на масата и гледала како ја оживуваат. Таа викала на својот колега хирург дека не сака да се врати на своето тело. Откако тој ја игнорирал, таа се упатила по болничкиот ходник.

На крајот од него, ја видела сопругот на колена како се моли за нејзино лекување. Таа се обидела да му каже дека е добро и да не се грижи, но тој не слушнал, како сцена од филмот Дух.

 

 

„Во еден момент се најдов во тунел ладен, кој беше темен и влажен и се чувствував како да одам во мочуриште, но на крајот ја видов светлината и точно знаев каде одам. Светлината беше прекрасна. Мислев дека е Исус Христос, и кога дојдов пред него паднав на колена, и тој ми рече: „Стани, јас не сум Христос. Не смееш да клекнеш пред мене, јас сум ангел. Бог ме испрати“, вели Татјана.

Loading...

Таа додава дека не знаела зошто Бог ја избрал. Зошто ја убил, а потоа ѝ го покажал рајот и пеколот и ѝ дал задача да сведочи во негово име, да ја пренесе својата добрина на секого.

„Лажев, не бев покорна, ги казнував и ги тепав децата. Ги научив да се плашат од Бога, но да не го сакаат. Не бев активна во црквата, знаев да бида лукава. Имаше многу. И кога го запознав, ми ја отвори Книгата на мојот живот и видов се што правев, што зборував и што мислев“, вели Татјана.

Божјиот престол осветлил се околу неа. Сакала да го погледне Господ в лице, но не можела. Ангелот што ја водел до крајот ја ставил раката на главата и ја навалил надолу. Таа паднала на колена.

„Ми рече дека никој жив не го видел лицето на Господ. Дека тој што го видел Христос, го видел Отецот и обратно”, продолжува Татјана.

Потоа, вели таа, Бог ѝ зборувал и ја прашала што направила за него. Татјана одговорила дека постојано се молела.

„Тогаш два ангели отворија еден свиток и се видов себеси како ја читам Библијата, но селективно и тоа е она што ми се допаѓа и навистина не размислував што пишува таму. Ќе ги читав стиховите и ќе размислував како треба да одам работа, да ги носам децата во градинка, што да зготвам денес. Се молев и секогаш барав нешто, но никогаш не му се заблагодарив. Ми рече дека би го слушнала неговиот глас ако ја истражував Библијата“, објаснува Татјана.

„О, Господи, прости ми, му реков и како мало дете почнав да плачам, а тој ми одговори дека ми се простени гревовите за смртта на неговиот син на Голгота. И тогаш ја видов Голготата пред мене и се згрозив. Во светлината што викаше „Распни го“, бев и јас. Господ ми рече тогаш дека моите гревови се таму. Тогаш реков дека нема да грешам повторно”, вели докторот.

Душите во рајот не го гледаат пеколот, тој е затворен за нив. Тие ја гледаат земјата и нивните соседи за кои се молат во подножјето на Божјиот престол. Бог и го покажал небото како се отвора.

Loading...

Таа ја видела земјата и јасно ги видела сите луѓе на неа. До секој човек имало ангел и демон кои ги запишувале секој збор и мисла. Таа видела, вели, многу грди лица и го прашала Бога од каде потекнуваат сите овие грди луѓе.

„Пред да ја видите само лушпата, а сега ги гледате нивните срца. Вратете се и кажете им дека на овој свет му доаѓа крајот. Стојам пред вратата и чекам да се покајат. Еве, ви го покажав она што повеќето луѓе не го виделе“, ми рече, а потоа ангел ме одведе на обиколка на рајот.

 

 

Одела по влажната, мека трева што ги галеше за нозете. Се било полно со цвеќиња и зрели, миризливи плодови. Вода течела од престолот Божји и од сите сцени и застанал здивот.

Loading...

Тогаш ангелот пред неа донел еден млад човек, кој таа на почетокот не го препознала. Тоа било нејзиното прво дете, син кој починал на возраст од 10 месеци.

„Ме нарече мамо. Тогаш сфатив дека е мое дете. Единствено што сакав беше да го прегрнам. Но, ангелот не ми дозволи затоа што ми беше судено да се вратам на земјата. Син ми, ми рече дека не би бил тука доколку не ме напуштил тогаш. Му благодарив на Бога“, вели Татјана.

Набргу потоа го видела својот татко, кој не бил стар, туку 30-годишен маж. Ја прашал што прави овде, бидејќи нејзиното време сѐ уште не дошло.

„Татко ми заврши во рајот затоа што се покаја во присуство на свештеник последните 15 минути пред неговата смрт“, продолжува Татјана.

Откако се сретнала со својот татко, се приближиле завесите на маглата. Поминале низ неа и таа веднаш почувствувала страшна смрдеа и топлина. Едвај можела да дише. Тоа било ужасно силна смрдеа од изгорено месо, расипани јајца и пот, а цело време се слушала музика – хеви метал и жесток рок.

Loading...

„Таму нема вода, има таква суша што чувствував како да ми пука кожата. Чувствував свежина само кога ги земав обрачите на ангелот молејќи го да не ме пушти. Тоа место е првиот круг на пеколот попознат како чистилиште“, истакнува Татјана.

„Има луѓе во затворен простор полн со гас, брзаат од едната на другата страна. Го гледаат рајот, но не можат да влезат во него. Плачат за помош. Оние слаби луѓе кои се обидуваат да седнат и не успеваат бидејќи демоните ги бркаат. Тие гледаат кон небото, но не смеат да го изговараат името Господово. Ова се оние што чекаат пресуда. На суд тие можат или не можат да бидат оправдани. Ја пропуштиле својата можност за спасение на земјата”, објаснува жената.

Таму, во облак со гас како аквариум, се душите на абортираните деца кои врескаат морничаво, но не чувствуваат болка. Викаат „Не убивај ме, сакам да живеам, те сакам мајко“. Тие одат на небото само ако нивните родители на земјата се покајат, а ако не, ги чекаат таму како сведоци.

Кога отишле подлабоко кон пеколот на патот, таа видела демони како ги сечат душите на мали парчиња, и секое најмало парче врескало со сета своја сила. Тие подоцна се спојувале и така натаму во круг. Ова се душите на луѓето што се разделиле или довеле до раздор меѓу луѓето во текот на нивниот живот.

Во еден од круговите на пеколот, во кој постојано се слушало плачење, завивање и врисоци, таа видела познати очи. Тоа била нејзината баба по татко. Иако редовно одела во црква, сакала да ги озборува и пцуе луѓето.

Loading...

„Имаше жешка штипалка што и го влечеше јазикот. Огнот ќе ја изгореше цела преку нејзиниот јазик и душникот. Ќе се претвореше во прашина и повторно се во круг”, рекла Татјана, која ниту денес не може да ги контролира емоциите кога ќе се сети на тоа.

Најмногу ја погодиле судбините на рамнодушните луѓе. Оние кои не правеле зло во текот на својот живот, но ниту правеле добро. Ниту таа не мислела дека ќе завршат во пеколот.

Таа, исто така, видела демони како се маскираат на престолот кај врховниот ѓавол и му носат човечки души. Гледајќи еден, таа препознала политичар од својата земја. Таа го прашала ангелот „Па од каде е тој? Тој е жив“.

„Тој ми одговори дека овој човек склучил договор со Сатана и му ја продал душата. Heе го преземе демон кој ќе живее на Земјата преку тој човек”, вели Татјана.

Откако видела се што Бог сакаше да и покажал, ангелот лесно ја турнал и таа се вратила во нејзиното тело.

 

Loading...