Лекарите му ја спасиле отсечената рака, врзувајќи ја за нога (фото)

Сподели со своите пријатели

Ако некогаш некој ве праша од што би се откажале попрво, од раце или од нозе, сигурно дека би се подзамислиле да го дадете вистинскиот одговор.

Loading...

Во Кина, тоа прашање го доби својот одговор откако лекарите успеаа да ја спасат раката на тешко повреден пациент, врзувајќи ја за неговата нога.

Раката била успешно трансплантирана на неговиот глужд, за да се врати дотокот на крв, што е всушност прва ваква операција изведена во светот.

Ретката операција била спроведена откако работник под име Зу ја пресекол шаката работејќи на машина за сечење метал.

Тој бил итно пренесен во болница во Чангша – Кина, каде докторите одлучиле дека најдобар начин да ја вратат раката во живот е да ја приврзат кон главната артерија на неговата нога.


Доктор Танг Џуи, началник на одделението за микрохирургија, досега спровел слична операција во 2013 година и бил убеден дека и сега ќе успее во тоа, да ја спаси раката на пациентот пред да биде вратена на свое место.

Под нормална температура, повредените прсти може да се рехабилитираат и да се наполнат со крв во рок од 10 часа, и затоа мора да се реагира брзо. Ако ткивото остане без крв подолго време, тогаш клетките изумираат и во тој случај не може да се направи ништо, вели доктор Танг во изјава за весникот People’s Daily China.

Loading...

Раката на пациентот била одржувана во живот припиена до неговата нога, а еден месец подоцна, истата била вратена назад, откако докторите споревеле 10 – часовна операција.

Зу ќе мора да помине неколку месеци на физикална терапија пред да може повторно да ја користи својата рака.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.