ЛЕКАРИТЕ ГО ЧЕКАА ПОДГОТВЕНИ: Момче изеде 50 лути пиперчиња за минута (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Едно кинеско момче освои прва награда на натпреварувањето во дегустација на лути пиперки откако изеде 50 за само 68 секунди.

Натпреварувањето е организирано на првиот ден од чили фестивалот кој се одржува втора година по ред во забавниот парк Нингсијанг, во централната кинеска провинција Хунан, позната по исклучително зачинетата кујна.

На победникот Танг Шуаихују му припадна и награда – златник од 24 карати.

 

Loading...

 

Натпреварувачите имаа задача што побрзо да изедат 50 пиперчиња од сортата табаско со јачина од 30.000 до 50.000 сковили, што по лутината ги става некаде помеѓу халепењо и хабањеро пиперките.

Дегустацијата ја следеле лекари. Натпверувачите биле во базен во кој за таа можност летале лути пиперчиња, но малце помалку лути од оние кои ги јаделе за да се спречи иритација на кожата.

Фестивалот на лути пиперки ќе трае до крајот на август.

https://www.youtube.com/watch?v=Y6AhioKi7mA

Leave a Reply