Лејди Гага со емотивен говор: Често наидувам на тишина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Не ја свртувајте главата кога ќе видите дека некој е ранлив! Американската поп ѕвезда Лејди Гага одржа многу емотивен говор на доделувањето на Греми наградите, во кој отворено зборуваше за потребата за подигање на свеста за менталното здравје.

Loading...

Гага освои Греми во категоријата најдобра поп изведба и најдобар дует „Shallow“ кој го изведува со Бредли Купер. Станува збор за насловната песна за филмот „Ѕвездата е родена“.

Како што рекла Гага, во филмот преовладува тема која се однесува на менталното здравје и дека е многу горда што е дел од таа приказна.

– Тоа е многу важно. Многу уметници се борат со тоа и мораме да водиме сметка за другите. Затоа, ако видите дека некој е ранлив не ја свртувајте главата. Ако и вие патите, дури и ако е тешко, обидете се да соберете храброст во себе и да кажете некому, порача Лејди Гага.

Leave a Reply