ЛЕДИ КРВ ВО ВЕНИТЕ: Мрачната историја на осамената руска тврдина каде се истражувале вируси (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Тврдината била изградена на вештачки остров во 1845 година со цел да ја заштити империјата.

Loading...

Во Финскиот залив, помеѓу Санкт Петербург и Кронштат, се наоѓа утврдување кое го носи името на рускиот цар Александар I.

Вештачкиот остров на кој е изградена тврдината е направен така што низ гредите се пробива до дното за да ја „држи“ основата која била направена од бетон, песок и слоеви гранит.

За време на својата турбулентна историја, тврдината била поморска извидничка точка, место за фрлање шут, грутки јаглерод и други материјали, центар за нелегална рејв и техно култура и забави, но и, веројатно најинтересно, место каде што се истражувале заразни болести.

Истражувана и откриена вакцина против чума.

Комплексот се состои од главна зграда со централен плоштад. Елиптичната зграда од три ката можеше да собере 1.000 војници, а стотина топови можеле да се сместат.

Иако тврдината е во одлична позиција за одбрана на градот, таа никогаш не била во директна борба.

Токму затоа што не се „покажа“ како корисно воено утврдување, веднаш влезе во потесниот избор за место каде што би можеле да се најдат истражувачки центар и лаборатории.

Loading...

Кон крајот на 19 век докторот Александар Јерсин го открил патогенот на чумата (1884), а руската влада веднаш формирала посебна комисија за спречување на ширењето на болеста и научен тим кој ќе се занимава со „бактериологија “.

Изолацијата на тврдината се покажала како апсолутно идеална за да се преселат научниците.

Просториите првпат биле претворени во лаборатории во јануари 1897 година – тие биле дел од Империјалниот институт за експериментална медицина.

Во реновираната тврдина имало се – од големи печки за кремирање на животни на кои се правеле експерименти, до соби за изолација, библиотека, штала за коњи на кои серум, т.е. тестирана вакцина.

Тврдината го добила прекарот „Тврдината Чума“ затоа што четворица научници се заразиле со чума во неа, а двајца од нив умреле помеѓу 1904 и 1907 година.

Откако сè било преземено од комунистите во 1917 година, лабораторијата во тврдината Александар беше затворена, а експертите биле преместени во институциите низ земјата.

Денеска руската морнарица таму складира опрема и поправа големи бродови, а местото може да го посетат и туристи.

 

Loading...