„Ледени“ температури за новогодишната ноќ

Сподели со своите пријатели

До вторник ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време за овој период од годината, претпладне со појава на магла по одделни котлини, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од среда ќе настапи значителна промена на времето, проследена со североисточен ветер и нагло заладување, а кон крајот на денот ќе има и зголемување на облачноста со локални слаби врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.

За новогодишната ноќ, според информациите на порталот accuweahter, не очекуваат температури од -12 до -15 степени целзиусови, додека првите денови од новата година нема да имаме позитивни температури, додека услови за снег има само за среда.