ЛДП до Груевски: Колку чинат животите на граѓаните после вакви катастрофи?

Сподели со своите пријатели

„Либерално-демократската партија изразува длабоко сочувство и жалење до семејствата на жртвите од вчерашното невреме во тетовско. Во истовреме им посакува побрзо опоравување на повредените и сочувствуваме со сите оние коишто за миг ги загубија своите домови во невремето.

Loading...

Истовремено, изразуваме голем револт кон лицемерието на оваа влада, која наместо да се занимава со животните прашања на граѓаните и да ги решава нивните комунални проблеми, таа неодговорно и без трошка срам се расфрла со парите на народот на барокни згради и споменици.

ЛДП одговорноста за човечките жртви во тетовско  ја лоцира директно во премиерот Никола Груевски и неговата криминална влада која наместо да вложува во чистење на коритата на реките, кои со години се затрупуваат со ѓубре и наноси, вложува по 200 000 евра на осветлување на плоштади и фонтани, на лавови и антички огради.

Груевски, после девет години на власт, не успеа да научи дека треба да работи на решавање на проблемите пред да се случат несреќите, туку после тоа вешто се обидува да манипулира со јавноста.

После вчерашниот пустош  во тетовско и човечките жртви, Груевски јавно да одговoри, колку чинат животите на граѓаните после вакви катастрофи, кои се директна последица од неговото неработење и негрижа за животните потреби на граѓаните“, се вели во соопштението на ЛДП.