Лажен пилот фатен по 20 години летање

Сподели со своите пријатели

Пилот кој повеќе од 20 години без дозвола управувал со авиони, откриен е дури неодамна кога минувајќи низ швајцарскиот воздушен простор извел некои невообичаени маневри.

Loading...

Вилијам Чендлер во текот на целата своја кариера летал со лажни исправи се додека јужноафриканската авиокомпанија не му ја одзела пилотската лиценца, пишува британски Мирор.

Компанијата САА открила лажни документи додека го истражувала инцидентот кој во ноември минатата година се случил кога авионот на лет од Јужна Африка до Франкфурт минувал низ швајцарскиот воздушен простор.

Според пишувањето на јужноафриканскиот весник Мејл Гардијан, се испоставило дека Чендлер, како копилот тогаш управувал со авионот кој неколку пати чудно завртел.

– Никој не ги разбираше тие маневри. Кога слетале веднаш напишаа извештај. Наводно маневрите предизвикале и проблеми со самиот авион, рекол извор запознаен со ситуацијата додавајќи дека компанијата започнала истрага.

Чендлер инаку одбил унапредување во капетан затоа што тоа би значело дека повторно мора да полага летечки испит.

Leave a Reply