Лаворв: Не стравуваме од украинско сценарио во Србија

Сподели со своите пријатели

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лаворв од Белград порача дека билатералните односи помеѓу Србија и Русија имаат одлична перспектива, дека Русија се противи на ставањето на земјите од регионот на Балкранот на избор или Западот или Русија, нагласувајќи дека секоја земја сама ги бира своите партнери во рамките на своите интереси.

Исто такатој порача дека не стравува од украинско сценарио во Србија

– Не се плашиме за Србија додека има од народ избрана власт – претседателот Вичиќ и неговиот тим, рекол Лавров на заедничката конференција за новинари со српскиот претседател.

Тој нагласува дека односите на Србија и Русија се базирани на меѓународното право и балансот на интереси.

– Ништо не наметнуваме едни на други, ниту бараме едни од други едната страна со некого да некомуницира. Тргнуваме од тоа дека и двете страни имаат целосна слобода на избор и развој на односите со сите во рамките на сопствените интереси, рекол Лавров.

Тој ги поздравил напорите на Србија за соработка со ЕУ, но и Евроазиската унија, НАТО и ОДКБ истакнувајќи посебен став за воената неутралност на Србија, за која вели дека претставува еден од клучните фактори за стабилноста како на Балканот така и во Европа.

Leave a Reply