Латас бара од судот ист однос како за Заев

Сподели со своите пријатели

Драган Павловиќ Латас, првоосомничен во случајот „Тотал“ на СЈО за даночно затајување, по денеска одложеното прво рочиште од главниот претрес рече дека бара судот да се однесува во неговиот случај како и кон премиерот Зоран Заев во предметот „Поткуп“.

– Ние сме барале и кај судијата во претходна постапка не сме добиле во ниедна реченица одговор. Ако видовте денеска тоа беа 21 реда одговор од Кривичниот совет за претходна постапка, во кој со ниеден збор не се спомнува прислушуван разговор. Воопшто нема таков одговор. Затоа бараме право на жалба преку овој суд. Го бараме тоа што му е дозволено на Зоран Заев, рече Павловиќ – Латас.

Судењето за предметот „Тотал“ на СЈО во кој за даночно затајување е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 7 декември годинава.

Предметот „Тотал“ се однесува на даночно затајување од страна на Латас како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и конслатинг услуги „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал Медиа Центар“ ДООЕЛ Скопје.

Осомничениот Драган Павловиќ-Латас се товари дека во периодот од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а осомничениот за 63 илјади евра.

Текст: МИА / фото: Фактор.мк

Loading...