Лани светот потрошил над 592 милијарди долари за оружје

Сподели со своите пријатели

Продажбата на оружје и воени услуги на 100-те најголеми компании во индустријата достигна 592 милијарди долари минатата година, што е зголемување од 1,9 отсто во споредба со 2020 година, објави Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ).

Loading...

Тоа зголемување ја одбележа седмата година по ред на раст на глобалната продажба на оружје, пишува „Слободна Европа“.

Сепак, таа стапка на раст е сè уште под четиригодишниот просек пред пандемијата COVID-19, кога беше 3,7 проценти, според SIPRI.

Меѓу клучните наоди од нивното истражување, се наведува дека минатата година продажбата на оружје во САД се намалила за речиси еден процент, дека најголемите руски компании ја зголемиле продажбата за половина процент, додека кинеските продале над шест отсто повеќе оружје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

СИПРИ проценува дека поради војната во Украина побарувачката за оружје ќе се зголеми, а проблемите во синџирот на снабдување најверојатно ќе се влошат.

Многу делови од воената индустрија продолжија да бидат погодени од прекини на глобалниот синџир на снабдување поврзани со пандемијата во 2021 година, поради глобалните доцнења на испораката и недостигот на витални компоненти.

„Можевме да очекуваме уште поголем раст на продажбата на оружје во 2021 година без тековни проблеми со синџирот на снабдување“, рече Лусе Беро, директор на Програмата за воени трошоци и производство на оружје на SIPRI.

Руската инвазија на Украина во февруари ги зголеми предизвиците на синџирот на снабдување за воените компании, исто така затоа што Русија е главен снабдувач на суровини што се користат во производството на оружје.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Тоа може да ги попречи напорите во САД и Европа да ги зајакнат нивните вооружени сили и да ги надополнат резервите по испраќањето муниција и друга опрема во Украина во вредност од милијарди долари.

„Потребно е време за да се зголеми производството. Ако прекините во синџирот на снабдување продолжат, може да бидат потребни неколку години за некои од главните производители на оружје да ја задоволат новата побарувачка создадена од војната во Украина“, рече Диего Лопес да Силва, виш истражувач. во СИПРИ.