Ладен туш наутро: Добра или лоша навика да го започнете денот?

Сподели со своите пријатели

Студениот туш наутро станува се попопуларна навика. Една студија од Холандија покажала дека оние кои практикувале ладен туш наутро биле помалку на зафатени од боледување отколку оние кои уживале во топол туш.

Loading...

Во истражувањето учествувале над 3.000 учесници. Тие биле поделени во четири групи. Тие добиле  задача да се истушираат со топла вода секој ден, но од една група било побарано да вклучи ладна вода 30 секунди пред крајот, другата 60, а третата 90 секунди. Контролната група уживала само во топол туш.

 

 

Од учесниците било побарано да го следат овој протокол еден месец. По тримесечно следење, тие откриле дека групите со студени тушеви имале 29% помалку пријавено боледување. Интересно е што времетраењето на студениот туш немало  ефект.

Иако причината за овие резултати не е јасна, некои истражувања сугерираат дека студениот туш може да има врска со зајакнување на имунолошкиот систем.

 

Loading...

 

Една студија од Чешка покажала  дека „атлетските млади мажи“ кои ги потопувале своите тела во ладна вода три пати неделно во текот на шест недели, го зајакнувале нивниот имунолошки систем. Сепак, потребни се дополнителни истражувања за да се докаже ова.

Исто така, се покажало дека потопувањето во ладна вода или ладен туш ја подобрува циркулацијата, како и менталното здравје. Сепак, пред да одлучите кон крајот на тушот со ладна вода, исто така треба да знаете дека ладниот туш носи некои ризици. Бидејќи ненадејниот млаз ладна вода го шокира телото, може да биде опасно за луѓето со срцеви заболувања, пишува Метро.